Јоханес Хан, Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, пристигна во ЕУ инфо центарот за средбата со Катица Јанева, на која, како што најави, очекува да слушне од Специјалниот обвинител како напредува нејзината работа и за предизвиците што со кои се соочува.
Претходно, Хан се сретна со премиерот Емил Димитриев и со претставниците на граѓанското општество.
„Конструктивна и сеопфатна размена на мислења со премиерот Емил Димитриев. Го истакнав исполнувањето на условите за веродостојни избори, реформските приоритети, поддршката на работата на специјалниот обвинител, миграцијата“, напиша Хан на Твитер по средбата со Димитриев.
На средбата со претставници на граѓанскиот сектор, која беше прва на денешната агенда на еврокомесарот, тој ги повторил вчерашните препораки дека изборите во декември, за кои, како што рече, се исполнети условите за одржување, се добар чекор, но и дека се само почеток на процесот на решавање на кризата.
Хан денеска ќе се сретне и со лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино.