Освен во биохемиската лабораторија во Велешката болница, пациентите со ковид-19 од денеска и во Здравствен дом можат да го проверат нивото на Д-димери и ЦРП во крвта. Со ова многу ќе се олесни работата на лабораторијата во Општата болница, каде што поради големиот број на заразени со коронавирус во Велешко се чекаше за термин.
„Од денеска работиме со пациенти кои се позитиви на ковид-19 и треба да го испитаат нивото на Д-димери и ЦРП во крвта. Тие доаѓаат преку Мој термин, со упат од матичен лекар, во терминот од 11 до 13 часот. Дневно ќе има по 35 пациенти“, кажа Светлана Црнушева, специјалист по медицинска биохемија и раководител на дијагностичката лабораторија при Здравствен дом Велес.
За оваа новина биле известени матичните лекари од Велес и од соседните општини Градско и Чашка. Првиот ден сите 35 термини веднаш биле зафатени.
П. ПЕЧКОВ