ЌЕ НАПРАВИМЕ СЀ ЗА БАРЕМ ЕДЕН СТЕПЕН ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СУДСТВОТО, ВЕЛИ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКА

    ЌЕ НАПРАВИМЕ СЀ ЗА БАРЕМ ЕДЕН СТЕПЕН ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СУДСТВОТО, ВЕЛИ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКАПавлина Црвенковска доаѓа на местото на Киро Здравев, кој стапи на функцијата на 27 април 2019 година. (Фото: МИА/принтскрин)

    Новата претседателка на Судскиот совет Павлина Црвенковска најави дека овој состав на советот, под нејзино водство, ќе направи максимални напори да го подигне дигнитетот на правосудниот систем за барем еден степен да ја подигне доверба на граѓаните во правосудството. Таа денеска беше избрана едногласно од присутните членови на седницата, а мандатот ќе ѝ трае две години, без можност за реизбор.

    „Составот на овој Судски совет, со мене како претседател, ќе стори сè, ќе направи максимални напори да го подигне дигнитетот на правосудниот систем за барем еден степен да ја подигне доверба на граѓаните во правосудството. Време е да покажеме дека овој правосуден систем и со овој Судски совет можат да направат многу, дека има знаење, има капацитет“, кажа таа.

    Павлина Црвенковска беше избрана за член на Судскиот совет од Собранието во декември минатата година. Од 2006 до 2020 година работела како судски советник во Апелациниот суд Скопје. Од 2004 до 2006 година работела како Државен советник во Владата, а има работено и како Раководител на одделение во Министерството за одбрана. Од 1998 до 2002 година работела како адвокат, а од 1996 до 1998 година како Генерален секретар на Комора на приватен капитал на Република Македонија.

    Таа доаѓа на местото на Киро Здравев, кој стапи на функцијата на 27 април 2019 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира