Четвртото издание на меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“ ќе се одржи од 21 до 25 октомври во Скопје во МКЦ и Кинотека. Фестивалот, поддржан од страна на Министерството за култура и Амбасадата на Италија претставува уникатна можност за младите од 10 до 18 години, заинтересирани за филмот и за дружење и размена со други култури.
„Филмот претставува медиум за поврзување на луѓето, уникатно искуство што им дава можност на младите да ги изразат своите идеи, да градат пријателства и да придонесат за позитивни промени“, гласи мотото на фестивалот.
Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи во кино „Милениум“ во петок (19.30ч.), кога ќе биде прикажан и „Италијанска трка-Брз како ветрот“ на италијанскиот режисер Матео Ровере.
На годинашново издание, на фестивалот ќе гостуваат делегации од Италија, Албанија Грузија, Србија, Хрватска, Романија, Азербајџан, САД и Велика Британија. Покрај главната активност на гледање филмови и последователната дискусија, учесниците на фестивалот ќе имаат можност да стекнат нови знаења преку разни работилници, како: кореодрама, стрип, анимација, документарен и автроски филм, итн. Исто така, на „Џифони“ ќе гостуваат реномирани уметници и режисери на номираните филмови.
Филмскиот фестивал „Џифони“ секоја година стекнува се поголем број на пријавени деца од скопските училишта, а се организираат и тури со скратена програма во други градови на државата за да може да се запознаат и другите со фестивалот.
ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ „ЏИФОНИ“