ЖИЧНИЦАТА НА ПЕЛИСТЕР ЗА ПРВПАТ ЌЕ РАБОТИ ПРЕКУ ЛЕТО

    ЖИЧНИЦАТА НА ПЕЛИСТЕР ЗА ПРВПАТ ЌЕ РАБОТИ ПРЕКУ ЛЕТООд викендов, жичницата двосед Бегова Чешма - Копанки ќе работи од 10 до 14 часот. (Фото: ЕСМ)

    Нова летна содржина во Ски-центарот „Копанки“ е тоа што за првпат во овој годишен период ќе работи жичницата. Од овој викенд, па секоја следна недела во зависност од временските услови на Пелистер жичницата двосед Бегова Чешма – Копанки ќе работи од 10 до 14 часот.  Поглед од високо на планинските предели и панорамата на Битола чини од 100 денари за едно возење и 300 денари за дневен билет.

    „Ставањето во функција на жичарницата на Копанки за викендите во време на летната туристичка сезона ќе овозможи дополнителна промоција на Пелистер како туристичка дестинација, ќе поттикне развој и соработка во делот на сите алтернативни форми на туризам, планинарски спортови, планинскиот велосипедизам, параглајдингот, алпинизамот и други области кои во рамките на својата примарна дејност заеднички со хотел ‘Молика’ ќе делуваат во интерес за реализација на сите програмски активности“, соопшти ЕСМ.

    Во изминатите години жичницата работеше само преку зима.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира