ДОГРАДБА ПОСКАПА ОД НОВА ЗГРАДА – 5,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ  

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:313:"ЕкспертитезабележуваатдекаоваадоградбаепрескапаотисоиститепариМинистерството,местодаправинадградбаидоградба,можелоодтемелдаизградисосемановобјект

    ДОГРАДБА ПОСКАПА ОД НОВА ЗГРАДА – 5,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ  

    Нема најава кога ќе биде готова најскапата доградба и надградба во Македонија – зградата на Министерството за транспорт и врски на плоштадот Филип Втори во Скопје. Од Министерството престанаа да даваат нови рокови оти сите досега дадени се пробиени.

    Обновата на објектот со најава за надградба за уште два ката почна во ноември 2011 година. Првиот рок за завршување на градежните активности беше една година, но тој беше поместен неколку месеци откако почна градењето на барање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

    „Првиот проект за доградба и надградба на Министерството за транспорт и врски не беше во согласност со сеизмичките стандарди. За да се додадат два ката на старата зграда неопходно беше да се зајкне целосно статиката па поради тоа побаравме Министерството да подготви нов проект согласно нашите препораки. Тоа значеше дополнителни средства, но немаше друг начин за да се запази безбедноста. Тие послушаа, направија нов проект кој подразбираше дополнително зајакнување на столбовите со железо уште од темелите, што е исклучително скапа варијанта за градење“, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, без чија согласност ниту еден објект од ваков вид не може да се добие одобрение за градење.

    И контролите на доградбата и надградбата што ги направиле екипи од ИЗИИС покажале дека она што е предвидено во проектот соодветно е реализирано па новиот објект е сеизмички безбеден.

    Од Министерството за транспорт и врски не кажуваат колку чини обновата на зградата со сите договори и анекси на договорите. Според податоците кои се јавно достапни, досега за обнова на стариот објект се вложени 5,7 милиони евра. Но, не се знае дали и оваа бројка е конечна оти нема транспарентен отчет од Министерството како се потрошени парите на граѓаните за оваа доградба.

    prviot-proekt-za-obnova-na-ministersvoto-so-gradina-na-pokrivot

    Експертите забележуваат дека оваа доградба е прескапа. Со истите пари Министерството, место да прави надградба и доградба, можело од темел да изгради сосема нов објект. За споредба, од истиот проект „Скопје 2014“, целосната изградба на зградата во се смести Агенцијата за аудиовизуалени услуги, пред некогашниот хотел „Бристол“, спроти Музејот на Град Скопје, чини 4,7 милиони евра. Зградата има приземјое, осум ката и поткровје чија изградбата е поевтина од доградбата на Министерството за транспорт и врски.

    Обновената зграда на Министерството сега има приземје и пет ката. Во неа покрај Министерството треба да се сместат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем, кои сега се сместени на различни локации низ градот.

    Првиот проект за обнова на зградата предвидуваше рамен покрив со  градина во која требаше да бидат поставени украсни скулптури, а просторот беше најавен како место за одмор на вработените, но изведениот покрив не е рамен, а скулптурите место на покривот, ставени се како украси на фасадата. Ги има вкупно 10, беа поставени летово, но Министерството во ниту еден момент не даде објаснување за нивното значење.

    Изведувач на градежните работи е АД „Бетон“ од Скопје. Веќе неколку месеци се уредува фасадата, а видливо е и дека се работи во внатрешноста на зградата. Кога вработените од Министерството ќе се вратат на оваа локација одговорните не кажуваат. Тие привремено се сместени во поранешното Министерство за надврешни работи, веднаш до Собранието.

    Додека се чека завршувањето на објектот на Министерството за транспорт, просторот пред зградата доби сосема нов лик. Истата година кога почна и обновата на зградата, почна и изградба на плоштад  кој сосе спомениците на Филип Втрои и Олимпија со Александар и фонтаните со коњи и лавови, чини 11 милиони евра. Изградбата на плоштадот, спомениците и фонтаните заврши во 2013 година. Тогаш овој  простор од Карпошово востание беше прекрстен во плоштад Филип Втори.

     

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира