Рокенрол легендата Чак Бери, кој вчера наполни 90 години, објави дека ќе издаде нов албум, прв по 38 години. Албумот насловен „Чак“ следи по „Рокни го“ што излезе во 1979, и е доказ дека албум-изненадување не е само привилегија на млади уметници.
Деталите за албумот се скудни, но во изјавате се вели дека ќе содржи главно нов материјал што Бери го напишал и продуцирал, а снимен е во неговиот роден град Сент Луис.
Бери го посвети албумот на сопругата Телмета со која се заедно 58 години, навестувајќи дека ќе биде последен.
„Овој албум е посветен на мојата сакана Тоди. Душо моја, остарев. На овој албум работев долго време. Сега може да ги закачам чевлите!“, напиша Бери.
На албумот свират и неговите деца Чарлс Бери Јуниор и Ингрид, на гитара и хармоника. Албумот ќе излезе вгодина.