МИЈАЛКОВ ВО БОМБИТЕ САМО ИЗРАЗУВА САТИСФАКЦИЈА ДЕКА УСПЕШНО Е ЗАВРШЕНА АКЦИЈАТА ЗА АПСЕЊЕ НА ЉУБЕ БОШКОСКИ, ВЕЛИ ОДБРАНАТА ВО ЗАВРШНИТЕ ЗБОРОВИ

    МИЈАЛКОВ ВО БОМБИТЕ САМО ИЗРАЗУВА САТИСФАКЦИЈА ДЕКА УСПЕШНО Е ЗАВРШЕНА АКЦИЈАТА ЗА АПСЕЊЕ НА ЉУБЕ БОШКОСКИ, ВЕЛИ ОДБРАНАТА ВО ЗАВРШНИТЕ ЗБОРОВИОбвинетиот Сашо Мијалков и адвокатот Љупчо Шврговски пред денешните завршни зборови на одбраната во предметот „Тортура“. (Фото: МИА/принтскрин)

    Нема поттикнување од обвинетиот Сашо Мијалков за мачење, нечовечно и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошкоски, а нема ни докази од обвинителството, ги почна завршните зборови адвокатот Љупчо Шврговски во случајот „Тортура“, кој е пред пресуда.

    Според Шврговски, не постои доказ дека Мијалков се слушнал и контактирал со алфите, а објавените прислушувани разговори се изразување на сатисфакција по успешно спроведена акција против Бошкоски, кој е фатен на дело како зема непријавени пари.

    Бошкоски ги испровоцирал обвинетите припадници на полициските алфи со тоа што 100-те илјади евра ги фрлил и се дал во бегство, вели одбраната на Мијалков.

    Одејќи по завршните зборови на обвинителот Љубомир Лапе, адвокатот во продолжение рече дека тврдењето на Бошкоски пред суд дека доживеал душевно страдање и болка, не се совпаѓа со извештаите на вештите лица од неговите прегледи. Адвокатот кажа и дека ако имал навистина физички повреди од апсењето, ќе ги пријавел кај надлежните, а не го сторил тоа.

    „Анксиозноста и депресијата на Бошкоски е зашто жив беше фатен како зема незаконски пари ден по парламентарните избори, т.е. на 6.06.2011 година, а не од мачење и сурово постапување при апсењето”, рече Шврговски.

    Потоа продолжи со контрадокази, како што рече, дека на снимките не се гледа ниту пиштол дека му впериле алфите во лицето, ниту пак се мрдаат нивните усни, со што сакаше да ги демантира тврдењата на Бошкоски дека кога го апселе, легнувале на земја и го лепеле за тоалет, му ги кажале сите тие пцовки, „поздравот од Мијалков”, затворската казна што ќе ја добие..

    Наспроти доказите на Лапе дека Љубе воопшто не давал отпор при апсењето тој ден пред ресторанот „Воденица” во Скопје, што впрочем се виде и на ТВ-снимките, Шврговски кажа дека со обвинителот изгледа гледаат различни снимки, зашто Бошкоски всушност цело време дава отпор, а полициските алфи постапуваат согласно правилата за апсење при давање отпор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира