„АМАЗОН“ ГО КУПУВА ХОЛИВУДСКОТО СТУДИО „МГМ“ ЗА 8.45 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДА СЕ БОРИ СО „НЕТФЛИКС“ И „ДИЗНИ“

    „АМАЗОН“ ГО КУПУВА ХОЛИВУДСКОТО СТУДИО „МГМ“ ЗА 8.45 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДА СЕ БОРИ СО „НЕТФЛИКС“ И „ДИЗНИ“ „МГМ“ стои и зад филмската франшиза „Џејмс Бонд“. - Даниел Крег во последниот Бонд филм, „Не е време за умирање“. (Фото: „МГМ“)

    „Амазон“ за 8.45 милијарди долари ќе го купи славното холивудско студио „МГМ“, кое стои зад класици како „Пеење на дождот“ па сѐ до филмската франшиза „Џејмс Бонд“. Гигантот за онлајн продажба кој го води Џеф Безос ќе стане сопственик на филмско студио старо речиси 1 век, култно во светската филмска историја. Овој потег ќе му овозможи на „Амазон“ да се натпреварува со „Нетфликс“, „Дизни“ и со „Дискавери“ во светот на стриминг сервисите.

    За време на пандемијата на ковид-19, „МГМ“, како и сите филмски студија, се соочи со криза, со оглед на тоа дека киносалите беа затворени. Премиерата на неговиот последен Бонд филм, „Не е време за умирање“ постојано се поместува веќе една година.

    „’Амазон’ ќе го зачува наследството на ‘МГМ’ и архивата на филмови, и ќе им овозможи на корисниците уште поголем пристап до овие култни дела“, стои во заедничкото соопштение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира