БОРИС ЏОНСОН СЕ ОЖЕНИ НА ТАЈНА ЦЕРЕМОНИЈА

    БОРИС ЏОНСОН СЕ ОЖЕНИ НА ТАЈНА ЦЕРЕМОНИЈА„Сан“ објави дека дури и неговите соработници од кабинетот не знаеле за плановите за венчавката. - Џонсон и свршеницата Симонс (Фото: Скај)

    Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симонс се венчаа во саботата вечер на мала приватна церемонија, објавија британските весници. Од кабинетот на Џонсон одбија да ги коментираат извештаите за „Дејли Мејл“ и „Сан“ дека двојката се венчала во катедралата Вестминстер пред мала група пријатели и роднини.

    „Сан“ објави дека дури и неговите соработници од кабинетот не знаеле за плановите за венчавката. Според актуелните ковид протоколи во Британија, на венчавки можат да присуствуваат до 30 луѓе.

    Џонсон (56) и Симонс (33) се свршија во февруари 2020 и имаат едногодишен син. За Џонсон ова е трет брак, а прв за Симонс. Тој има уште пет деца од претходните врски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира