ХАШКИОТ СУД ЈА ПОТВРДИ ДОЖИВОТНАТА КАЗНА ЗАТВОР ЗА РАТКО МЛАДИЌ

    ХАШКИОТ СУД ЈА ПОТВРДИ ДОЖИВОТНАТА КАЗНА ЗАТВОР ЗА РАТКО МЛАДИЌМладиќ е осуден за најтешките злосторства за време на војната во БиХ (Фото: АП)

    Хашкиот суд ја потврди доживотната казна затвор за бившиот заповедник на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, откако ги одби сите негови жалби. Тој е осуден за геноцид и злосторства против човештвото извршени над несрпското население за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година.

    Судот заклучи дека Младиќ учествувал во здружен злосторнички потфат, дека опсадата на Сараево била тероризирање на тамошното население и дека разместувањето на цивилното население на Сребреница било присилно, а не хумано, како што тврдеше одбраната.

    Ратко Младиќ е во притворот во Схевенинген од 31 мај 2011 откако српските власти го уапсија пет дена порано во близина на Зрењанин. Судењето траеше од мај 2012 до декември 2016 и Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија во 2017 година му изрече доживотна казна затвор, прогласувајќи го за виновен за најтешките злосторства за време на војната во БиХ, меѓу кои и за геноцид во Сребреница. На оваа пресуда се жалеа и одбраната и обвинителството, кое бараше Младиќ да се прогласи за виновен и за геноцид над Хрватите и муслиманите во уште пет општини во БиХ.

    Засега е непознато во кој затвор Младиќ ќе ја отслужува казната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира