ЧАВКОВ УТРОВО НЕ ЈА ПУШТАЛ КАТИЦА ДА ВЛЕЗЕ ВО УБК, СООПШТИ ОБВИНИТЕЛКАТА РИСТОВСКА

    ЧАВКОВ УТРОВО НЕ ЈА ПУШТАЛ КАТИЦА ДА ВЛЕЗЕ ВО УБК, СООПШТИ ОБВИНИТЕЛКАТА РИСТОВСКА

    На истражителите и на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство утрово не им било дозволено да влезат во кругот на МВР да ги заменат колегите кои дежурале во УБК цела ноќ, соопшти обвинителката Ленче Ристовска. Влез не и бил дозволен ниту на Катица Јанева затоа што МВР од утринава вовело нова процедура за влез во кругот.

    Тимот на Јанева чекал цел час да им биде дозволен влез во УБК каде што тие вчера спроведуваат две судски наредби за одземање на документација и претрес на компјутерски системи од кои може да се открие кои телефонски броеви се прислушувани од 2008 до 2015 година.

    Обвинителката Ристовска соопшти дека се уште трае натегањето со УБК околу спроведувањето судски наредби. „Се убедуваме дека треба да се спроведе судска наредба што е преседан и прашуваме каква порака испраќаат до граѓаните луѓето од УБК кога државна институција не почитува судска наредба“, рече Ристовска која објави дека меѓу попречувачите се и директорот за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира