ОПШТИНА ЧАИР ГИ ОТСТРАНУВА НАПУШТЕНИТЕ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИ ПОВРШИНИ

    ОПШТИНА ЧАИР ГИ ОТСТРАНУВА НАПУШТЕНИТЕ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИ ПОВРШИНИСо акцијата ќе се отстранат 21 хаварисанo возилo. (Фото: Општина Чаир)

    Општина Чаир почна да ги отстранува хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки  од јавните површини на територија на Општината.

    Акцијата почна вчера во соработка со Јавното општинско претпријатие „Шкупи Вјетер“, согласно одредбите од усвоениот Правилник за регулирање на ова прашање.

    Претходно беа залепени писмени предупредувања на идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа сопствениците добија рок од 8 дена да ги отстранат.

    „По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈОП ‘Шкупи Вјетер’ е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици“, велат од Општината.

    Со акцијата ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила кои ќе им подлежат на понатамошните процедури согласно Правилникот, каде како последен чекор по истекот на 30 дена непријавување од страна на сопственикот на возилото е уништувањето на истото на посебна локација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира