РЕДИЦИ ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ОД ГРАДСКИ ПАРКИНГ ВЕЛАТ ДЕКА ДНЕВНО ВЛЕГУВААТ ПО 4.000 КОЛИ

    РЕДИЦИ ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ОД ГРАДСКИ ПАРКИНГ ВЕЛАТ ДЕКА ДНЕВНО ВЛЕГУВААТ ПО 4.000 КОЛИДиректорот на ЈП Градски паркинг Борче Јакимовски вели дека гужвите се поради големиот број возила кои се паркираат. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Редици секојдневно се создаваат за наплата на паркирање на Клиничкиот центар во Скопје. Пред пунктовите за наплата има колони граѓани кои чекаат да платат, а поради тоа се создаваат и гужви пред рампите за влез и излез.

    Во моментов на Клинички работат два места за наплата, но директорот на ЈП Градски паркинг Борче Јакимовски вели дека гужвите се поради големиот број возила кои се паркираат.

    „Дневно имаме по 4.000 возила кои влегуваат и излегуваат. После пандемијата на ковид-19 повторно Клинички е полн со пациенти и околу пладне се вакви гужви. Кога имате толку многу возила не може да се постигне. Но, за да го решиме проблемот набавивме два паркомати за самонаплата кои за две недели ќе бидат во функција”, вели Јакимовски.

    Паркоматите ќе бидат поставени на новиот паркинг кај Клиниката за гинекологија и кај Инфективната клиника.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира