ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ПОСТАВУВА НОВИ УЛИЧНИ ЛЕД СВЕТИЛКИ, ЛЕТОВО ЌЕ БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СИТЕ 10.000

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ПОСТАВУВА НОВИ УЛИЧНИ ЛЕД СВЕТИЛКИ, ЛЕТОВО ЌЕ БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СИТЕ 10.000Со помош на паметните алатки осветлувањето ќе свети или ќе осветлува онолку колку што во моментот е потребно. (Фото: Град Скопје)

    Градот Скопје почна со поставување на нови ЛЕД светилки за улично осветлување на градот. Промената на старите светилки почна на улицата Рузвелтова на потегот од улицата Васил Ѓоргов до Зоолошката градина, каде се поставени 43 светилки. Како што соопшти Град Скопје, во текот на летото ќе биде заменето целото улично осветлување низ градот.

    „Поставувањето ЛЕД светилки за улично осветлување на градските сообраќајници е дел од проектот ‘Паметен град‘ кој го реализира ‘Македонски телеком‘, со помош на најсовремена технологија, која е уникатна не само за земјава туку и за регионот. Инсталацијата на ЛЕД светилките продолжува на булеварот Илинден, на потегот од Зоолошката градина до мостот Гоце Делчев. Со промената на уличното осветлување трошоците ќе се намалат за 70 отсто“, велат од Град Скопје.

    Со проектот е предвидено да се постават околу 10.000 ЛЕД светилки и да се дигитализира системот за осветлување, при што со помош на паметните алатки осветлувањето ќе свети или ќе осветлува онолку колку што во моментот е потребно, зависно од движењето на луѓето и затемнетоста на околината.

    „Овој проект освен паметното осветлување опфаќа и други модули кои го сочинуваат ‘Паметен град’ и кои се во тек на имплементација, како паметното трошење вода, паметен паркинг, поддршка на корисници, контакт центар и квалитет на воздух“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира