ПОЧИНА ЕРМЕНСКИОТ ВИРТУОЗ ЏИЈАН ГАСПАРИЈАН, ПОЗНАТ И ПО МУЗИКАТА ВО „ГЛАДИЈАТОР“

    ПОЧИНА ЕРМЕНСКИОТ ВИРТУОЗ ЏИЈАН ГАСПАРИЈАН, ПОЗНАТ И ПО МУЗИКАТА ВО „ГЛАДИЈАТОР“Гаспаријан важеше за виртуозен изведувач на ерменската фолклорна музика. (Фото: МЕХР)

    Ерменскиот музичар и композитор Џиван Гаспаријан, познат и како Господар на дудукот, почина на 92 години. Гаспаријан важеше за виртуозен изведувач на ерменската фолклорна музика, но исто така изведуваше разни жанрови, соработувајќи со истакнати музичари и оркестри како Стинг, Питер Габриел, Брајан Ино, Лајонел Ричи, Ханс Цимер, Филхармонијата на Лос Анџелес.

    Работеше и на музика на филмови, меѓу кои: „Гладијатор“, „Сиријана“, „Крвав дијамант“.

    Гаспаријан има освоено четири медали на светските натпревари на УНЕСКО, а прогласен е и за Народен уметник на Ерменија. Бил и професор на Државниот музички конзерваториум во Ереван.

    Во 2010 настапи на Евровизија во Осло. Два пати има гостувано и во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира