ПО ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЖАЛБИ ОД ЖИТЕЛИТЕ, ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ КАЗНУВА ЗА ГЛАСНА МУЗИКА

    ПО ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЖАЛБИ ОД ЖИТЕЛИТЕ, ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ КАЗНУВА ЗА ГЛАСНА МУЗИКАКазните за бучавост се од 500 до 6.000 евра во зависност од тоа колку е пречекорувањето. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар најавува дека почнува со акција за мерење на гласност во кафулињата. По големиот број пријави од граѓаните во Општината, овластени инспектори од Општина Центар со помош на инструменти за мерење на бучава ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои има пристигнато најмногу пријави.

    „Апелираме до кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање на гласна музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност. Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина“, велат од Општина Центар.

    Казните за бучавост се од 500 до 6.000 евра, во зависност од тоа колку е пречекорувањето. Ако одредени локали и покрај паричната казна продолжат да пуштаат гласна музика, тогаш објектот ќе биде затворен на еден месец.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира