СЕ УКИНУВА „ДАМИ И ГОСПОДА“, „ЛУФТХАНЗА“ ЌЕ ГИ ПОЗДРАВУВА ПАТНИЦИТЕ СО РОДОВО НЕУТРАЛНИ ТЕРМИНИ

    СЕ УКИНУВА „ДАМИ И ГОСПОДА“, „ЛУФТХАНЗА“ ЌЕ ГИ ПОЗДРАВУВА ПАТНИЦИТЕ СО РОДОВО НЕУТРАЛНИ ТЕРМИНИНаредбата се однесува на сите фирми на групацијата Луфтханза - (Фото: СДК.МК)

    Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе го укине вообичаениот поздрав со „дами и господа“ за патничките и патниците и наместо тоа, ќе користи родово неутрални термини, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

    Регулативата се однесува на сите подружници на авиокомпанијата, вклучувајќи ги „Остријан“, „Еуровингс“, „Свис“ и „Браселс“.

    „За нас е важно да ги земеме предвид сите форми на обраќање“, рече портпаролот.

    Изразите како „Имајте убав ден“, „Добровечер“ и „Добредојдовте“, ќе може да се користат, но за тоа одлуката ќе ја донесе шефот на екипжот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира