ЗА 24 ЧАСА СЕ ОБЕСИЈА МЛАДИ СОПРУЖНИЦИ ОД ШТИП И ОД АРГУЛИЦА КОИ ЖИВЕЕЛЕ ОДВОЕНО

    ЗА 24 ЧАСА СЕ ОБЕСИЈА МЛАДИ СОПРУЖНИЦИ ОД ШТИП И ОД АРГУЛИЦА КОИ ЖИВЕЕЛЕ ОДВОЕНОМладите сопружници од Штип и од селото Аргулица се разделиле и последнава година не живееле заедно. (Фото: СДК.МК)

    Сопружници од Штип и од селото Аргулица  кои живееле одвоено се обесија за 24 часа еден по друг. Вчера се обеси 25-годишниот штипјанец Т. С., а денеска и неговата 22-годишна сопруга С. К. од селото Аргулица. Од Јавното обвинителство велат дека не станува збор за недозволена љубов, туку самоубиствата се поради поради некои други недоразбирања на младите сопружници кои се разделиле и  последнава година не живееле заедно.

    Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова рече дека момчето било најдено обесено вчера околу 10 часот во близина на Архелошкиот локалитет Баргала, а неговата сопруга била пронајдена обесена денеска околу 9 часот во помошна просторија во селото Аргулица.

    Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и сопругата одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица.

    Основен јавен обвинител кој извршил увид на местата на самоубиствата работи и на утврдување на причините и мотивите за самоубиството.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира