БОРЈАН БРАНКОВСКИ НА 21. МЕСТО ВО ПУКАЊЕ СО ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ ВО ТОКИО, ГО ПОБЕДИ ОЛИМПИСКИОТ ПРВАК ОД РИО

    БОРЈАН БРАНКОВСКИ НА 21. МЕСТО ВО ПУКАЊЕ СО ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ ВО ТОКИО, ГО ПОБЕДИ ОЛИМПИСКИОТ ПРВАК ОД РИОБранковски оствари резултат од 573 кругови во квалификациите (Фото: Македонска стрелачка федерација)

    Стрелачот Борјан Бранковски го освои 21. место во дисциплината воздушен пиштол 10 метри на своето олимписко деби. Тој е првиот македонски спортист кој настапи на Олимписките игри во Токио, кои официјално беа отворени вчера.

    Дваесет и четиригодишниот Бранковски оствари резултат од 573 кругови во квалификациите, додека во финалето се пласираа и стрелачи со 578 кругови. Во конечниот пласман, тој го зазеде 21. место во конкуренција на 36 учесници, пласирајќи се пред Виетнамецот Хоанг Сјуан Вин, кој пред пет години во Рио беше олимписки првак во оваа дисциплина, а освои и едно сребро.

    Златото на крајот му припадна на Иранецот Џавад Форуги, среброто на Србинот Дамир Микец, а бронзата на Кинезот Ваи Панг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира