ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПОВТОРНО ЌЕ ОТПУШТА РАБОТНИЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИЛЕПСКИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПОВТОРНО ЌЕ ОТПУШТА РАБОТНИЦИ

    Прилепскиот Тутунски комбинат, компанија чиј што капитал е речиси целосно во рацете на државата, се соочува повторно со превработеност, иако минатата година беше реализиран прв бран на доброволно заминување на околу 535 работници со социјални пакети, или речиси половина од вкупниот број вработени. Според генералниот директор Александар Дерменџиев, откако компанијата излезе од листата загубари, поточно откако евидентира позитивен биланс за 2015 година, решен е најгорливиот проблем, превработеноста. Тој вели дека договорот за стратегиско партнерство со „Филип Морис“ понуди гаранции за иднината на компанијата, обезбедувајќи социјални пакети како отпремина за работниците кои се сложија да бидат технолошки вишок.

    „Минатата година точно 535 работници заминаа доброволно со отпремнини од 10.000 – 15.000 евра, во зависност од критериумите коишто ги исполнуваа работниците, стаж и слично. Но, и овој пат, при нашите намери за зголемување на ефективноста и продуктивноста во работата, со спојување на дооелите Тутун и Цигарна фабрика со АД Тутунски комбинат каде што се наоѓа администрацијата, евидентно е дека има превработеност, 70 вработени се во АД Тутунски Комбинат, 188 вработени се во ДООЕЛ Цигари, а 163 работници во ДООЕЛ Тутун“, вели директорот Дерменџиев, но додава дека сепак дека е сѐ уште рано да се каже кога и како би се реализирал втор бран на доброволно заминување на работниците, кои се технолошки вишок во процесот на работа.

    Генералниот директор Александар Дерменџиев вели дека лани 535 работници заминаа доброволно со отпремнини од 10.000 - 15.000 евра, а кај дел вработени има интерес за евентуален втор бран доброволно заминување (Фото: СДК.МК)

    Генералниот директор Александар Дерменџиев вели дека лани 535 работници заминаа доброволно со отпремнини од 10.000 – 15.000 евра, а кај дел вработени има интерес за евентуален втор бран доброволно заминување (Фото: СДК.МК)

    „Реално има превработеност и логично е менаџментот да размислува во тој правец, особено затоа што имаме сознанија и дека кај дел вработени има интерес за евентуален втор бран на доброволно заминување. Но, сѐ уште ова е во доменот на пресметки, калкулции, анализи. Затоа што, таква одлука не може да се донесе без консултација со синдикаланата организација на АД Тутунски Комбинат, а од друга страна потребно е да се обезбедат средства, коишто во моментов не се обезбедени“, додава Дерменџиев.

    Тутунски комбинат е компанија којашто има значајно место во прилепското стопанство. Не само што од компанијата своја егзистенција обезбедуваат многу семејства, туку голем е и бројот на кооперантите, коишто посредно живеат од продажбата на тутунот. Оттука, секоја промена поврзана со работењето на фирмата, предизвикува низа бранувања во јавноста. Сепак, факт е дека менаџерите на комбинатот успеаја со примена на рестриктивни мерки, но со социјален пакет од над 10 илјади евра, да ги згрижат работниците коишто досега се сложија да заминат како технолошки вишок. Со тоа, компанијата финансиски е консолидирана и не е веќе на непопуларната листа загубари.

    Според Дерменџиев, со влегувањето на „Филип Морис“, поточно со потпишувањето на договорот за стратегиско партнерство, цигарите од новата фирма „Тутунски комбинат-Филип Морис“ сега ги произведува прилепската цигарна фабрика, со што се значително искористени производствените капацитети. Сепак, остануваат и натаму низа мерки како обврска на менаџерскиот тим, со цел Тутунски комбинат да се избори за свое место на светскиот тобако маркет.

    Според најавите, претстојната откупна кампања на околу 3.000 тони тутун, во овој откупувач ќе се одвива без проблеми. Во тек е процедурата за обезбедување кредит од деловните банки, за исплата на реколтата на кооперантите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира