Директорот Фремзим Даути е разрешен од должноста директор на Националната установа Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје, соопшти денеска министерката за култура Ирена Стефоска. Таа вели дека Даути е разрешен поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон.
„По повеќемесечни вонредни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките. Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, оценив дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека ‘Свети Климент Охридски’ – Скопје пред истекот на мандатот“, вели Стефоска.
До избор на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа министерката назначила в.д. директор од редот на вработените.