Сладоледите „кит кат“ и „милка“ од денеска се повлекуваат од продажба бидејќи се небезбедни за здравјето на граѓаните. При контролата на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ), во магацините на увозникот АЛМА М било констатирано дека производите содржат етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Станува збор за слодолдите „кит кат стапче“, „милка ванила и чоколадо“ и „милка чоколадо со лешник стапче“.
„Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно забрането е негово ставање во промет. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нештетно да ги уништат”, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
А. АНТЕВСКА