ВО СТРУМИЧКО ДРВОШ ВОДА ИМА САМО ДВА ЧАСА НАВЕЧЕР ОД ПРИВАТНА БУШОТИНА ОТКАКО СЕКНАА ИЗВОРИТЕ ЗА СЕЛСКИОТ ВОДОВОД

    ВО СТРУМИЧКО ДРВОШ ВОДА ИМА САМО ДВА ЧАСА НАВЕЧЕР ОД ПРИВАТНА БУШОТИНА ОТКАКО СЕКНАА ИЗВОРИТЕ ЗА СЕЛСКИОТ ВОДОВОДОд Општина Босилово каде се наоѓа Дрвош велат дека проблемот настанал од почетокот на јули кога секнале изворите. (Фото: СДК.МК)

    Вода од чешмите во подогражденско населено место Дрвош тече само два часа и тоа навечер кога ќе се наполни селскиот резервоар со вода од приватна бушотина на нивен соселанец. Во тој период сите полнат шишиња, туби за да имаат вода за хигиена и за пиење во наредните 24 часа. Ваква е голготата на жителите на Дрвош кои со денови немаат вода откако секнаа изворите за селскиот водовод, па резервоарот се полни со вода од бушотината што си ја направил нивниот соселанец Васе Божинов од пред повеќе од десет години.

    „Вака е веќе со денови. Вода преку ден нема, а навечер ќе добиеме еден или два часа и кој наполни наполни, а кој не, ќе мора да оди од локалитетот ‘Топла чешма’ и полни вода за потребите. Ваква е сликата со години. Дрвош за време на летните горештини вода нема. Во вакви услови не се може хигиена да се одржува, а за апиење ќе купуваме. Под итно треба да се најде решение и да престане ова голгота“, коментираат жителите на Дрвош.

    Тие упатија благодарност до нивниот соселанец Божинов кој дозволи од негова приватна бушотина да се црпи вода и колку толку да се полни резервоарот. Тој пак вели дека во вакви услови мора да се помага.

    „Се испумпува вода и преку 1.200 метри доводна линија се носи над селото каде се полни резервоарот, но дали тоа е доволно не можам да кажам. Ова бушотина ја правев за свои потреби пред 17 години. Вода секому му е потребна“, кажа Божинов.

    Од Општина Босилово каде се наоѓа Дрвош велат дека проблемот настанал од почетокот на јули кога секнале изворите. Тогаш издашноста на приватната бушотина била 300 кубика за цел ден, но сега била значително намалена. Паралелно велат дека постои нерационално кроистење на водата, па дел од жителите ги наводнувале градините.

    „Веќе потпишавме договор со Градежен институт на Македонија за изведба на бушотина под селото и монтажа на потопна пумпа со капацитет од 20 литри во секунда. Водата преку соодветна линија ќе се носи од резервоарот од каде ќе се пушта до домаќинствата. Целиот проект е 3,5 милиони денари и секој момент треба да почне изведбата со што трајно ќе се реши проблемот“, кажа градоначалникот на Босилово Зимбаков.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира