ДАЛИ ВИ Е НЕЗГОДНО ШТО ДОСЕГА НЕ СТЕ ПРАШАЛЕ ЗА НАС, ПОРАЧАА АКТЕРИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДАЛИ ВИ Е НЕЗГОДНО ШТО ДОСЕГА НЕ СТЕ ПРАШАЛЕ ЗА НАС, ПОРАЧАА АКТЕРИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    Наталија, Вук, Михајло, Далибор, Беата, Горан, Дејан и уште неколку млади луѓе од Србија со попреченост или само со различност од останатите, ги освоија скопјани кои беа на нивната речиси професионална претстава „Празен глас“ во Кино Култура, завчеравечер, во рамки на настанот „Платформ(а)“ на Локомотива. Тие, под уметничко раководство на организацијата во која членуваат, Пер. Арт. од Нови Сад во нивната нова продукција зборуваа за себе, споделуваа приказни, сеќавања од патувања, го анализираа „Скопје 2014“, читаа своја поезија, покажуваа свои уметнички фотографии.

    Тие беа морничаво возбудливи со самото прашање на почетокот:„Дали ви е незгодно што досега не сте прашале за нас?“, насочено кон публиката во која имаше многу родители со деца со попреченост и од соорганизаторот на настанот, релативно новото македонско здружение за поддршка на деца и млади со различности, „Сината птица“.

    Младите глумци потсетија дека постојат зборувајќи за своите стравови, љубови, случки од патувања, имаше извонреден вокален настап на микс од класика и турбофолк, поезија (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Младите глумци потсетија дека постојат зборувајќи за своите стравови, љубови, случки од патувања, имаше извонреден вокален настап на микс од класика и турбофолк, поезија (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    „Празен глас“ е насловот коj протагонистите сами си го дале за новата своја претстава, мислејќи на својот глас, глас кој не се слуша, ни рекоа од Пер.Арт., организација која преку уметност работи на истакнување на сите вештини на луѓето кои им се придружуваат истакнувајќи ги нивните таленти, што придонесува и за нивниот когнитивно-социјален развој. Но, нивната функција не застанува тука зашто нивните претстави, изложби, филмови ги отвараат и прашањата кон општeството, и реалните проблеми кои луѓето со попреченост и нивните фамилии ги имаат во секојдневието. Нивната работа е широко прифатена, а се однесува на потребата на менување на општествениот контекст во однос на различностите.

    Публиката во солзи и смеа, крајно емотивно ги проследи приказните на младите глумци кои зборуваа за своите стравови, љубови, случки од патувања, имаше извонреден вокален настап на микс од класика и турбофолк, поезија. Потресно, луцидно и духовито изведувачите јавно покажаа дека тие не се многу различни од останатиот свет, и напротив имаат свои посебни доблести.

    „Преубаво е чувството да бидеш она што си“, вели во своите песни

    Наталија Владисављевиќ, една од изведувачките.

    Концептот на Саша Асентиќ и неговите соработници е преку уметност да создадат ново ниво на комуникација на луѓето со различности со публиката, што во Скопје успешно се оствари.

    „Сината птица“, како здружение кое е еден од иницијаторите, најавува нови работилници како онаа што беше организирана во рамките на „Платформ(а)“. Тие го истакнуваат значењето на оваа претстава и на многуте други кои Пер.Арт. ги има продуцирано и значењето на оваа организација која постои веќе 17 години, оди на турнеи без родителите или некој близок на изведувачите, и која преку својата работа помогнала и помага на многу фамилии.

    disklejmer-prikazni-23734

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира