БОБ ДИЛАН КОНЕЧНО СЕ ЈАВИ, НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ГО ОСТАВИЛА БЕЗ ЗБОРОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Стокхолм,(разниизвори)

    БОБ ДИЛАН КОНЕЧНО СЕ ЈАВИ, НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ГО ОСТАВИЛА БЕЗ ЗБОРОВИ

    Боб Дилан конечно се јави и изјави дека ја прифаќа Нобеловата награда за литература.

    Нобеловата фондација соопшти дека Дилан им рекол оти честа што ја добил наградата го оставила без зборови. Фондацијата изјави дека се уште не е одлучено дали американскиот пејач ќе присуствува на церемонијата на доделување на наградите во декемвро.

    Како и да е, Дилан за еден британски весник изјавил дека има намера да оди на церемонијата, „ако тоа биде можно“.

    Нобеловата награда за поп ѕвездата беше објавена на 13 октомври и од тогаш Боб Дилан не беше достапен за контакт. Минатата недела член на Шведската академија која ги избира нобеловите лауреати го опиша неговото однесување како „непристојно и арогантно“.

    Нобеловата фондација во петокот соопшти дека Дилан се јавил во Шведската академија со изјава: „Веста за Нобеловата награда ме остави без зборови. Многу сум почестен“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира