КУРЦ НЕ САКА ДА ПРИМА НОВИ БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН

    КУРЦ НЕ САКА ДА ПРИМА НОВИ БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАНКурц во посета на гевгелиско на локација за електронско набљудување на границата со Грција во 2017 година. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека не сака да прима нови бегалци од Авганистан и покрај тоа што земјата ја презедоа Талибанците.

    „Не мислам дека треба да примиме повеќе луѓе во Австрија, туку спротивното“, изјави Курц во интервју за австриска телевизија.

    Во Австрија веќе има 40 илјади Авганистанци, што е втора најголема авганистанска заедница во ЕУ според бројот на популацијата во земјата.

    Курц постојано ја отфрла можноста да прими уште Авганистанци.

    „Нема да има такво нешто додека јас сум канцелар“, вели Курц и додава дека тие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество.

    „Примањето луѓе кои не можат да се интегрираат е огромен проблем за нас како земја“, рече австрискиот канцелар.

    Курц е свесен дека Талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, но вели дека меѓународната заедница треба да направи сè што може да ја подобри ситуацијата во земјата. Но, признава тој, тоа не зависи многу од Австрија, и ги повика соседните земји како Туркменистан и Узбекистан да му помогнат на Авганистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира