Српски турист почина по здобиените повреди по скок во Охридското езеро. 26-годишниот Никола Стевановиќ за кој српските медиуми објавија дека бил фудбалер за време на летниот одмор во Охрид по скок во езерото на плажата Љубаништа се здобил со повреди на рбетниот мозок. Тој 12 дена бил во кома, а вчера починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје.
Стевановиќ скокнал на глава од скокалница поставена во езерото. Но, како што раскажуваат очевидци, во тој дел плажата била плитка и поради тоа удрил со главата на дното и се здобил со сериозни повреди и се онесвестил.
Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова – Мијовска, вели дека повредите на рбетниот мозок на 26-годишното омче биле фатални.
„Пациентот беше донесен во Скопје со повреда на мозокот. Веднаш по скокот бил реанимиран од докторка која се наоѓала на плажата кој извршила срцево, белодродбно и мозочно оживување. Од скокот во езерото го скршил вратнаиот рбет со прекин на рбетниот мозок. Итно беше опериран и стабилизиран, но за жал повредите на рбтниот мозок беа исклучително тешки и пациентот вчера почина“, вели д-р Маја Мајсова-Мијовска.
С. ВРЕНЦОВСКА