ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР МИЛАН ЛАНЕ ГУТОВИЌ

    ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР МИЛАН ЛАНЕ ГУТОВИЌНајголема популарност стекна со ликот на Среќко Шојиќ во филмот „Тесна кожа“. (Фото: АТА)

    Славниот српски телевизиски, театарски и филмски актер Милан Лане Гутовиќ почина денес на 76 години во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, соопшти неговата матична куќа Београдско народно позориште. Според „Блиц“, глумецот минатата недела бил примен на Интензивна нега, а подоцна поставен и на кислородна поддршка. Сите тестови на ковид-19 биле негативни, но имал наод на белите дробови, поради што лекарите претпоставувале дека е последица на прележан ковид-19.

    Гутовиќ завршил Академија за театар, филм, радио и телевизија во 1967, а филмската кариера ја почнал во 1968 година во филмот „Бекство“ на Радош Новаковиќ. Во театарот прво почнал да работи во Југословенско драмско позориште, а во Београдско народно позориште дошол во 2006, и станал првенец.

    Најголема популарност стекна со ликот на Среќко Шојиќ во хит филмот „Тесна кожа“, а од бројните улоги се издвојуваат и оние во филмовите и сериите „Метли без дршки“, „Отворени врати“, „Бели лаѓи“ и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира