ПРИВЕДЕН ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА ТУРСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ВЕСНИК „ЏУМХУРИЕТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Анкара,(Мета)

    ПРИВЕДЕН ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА ТУРСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ВЕСНИК „ЏУМХУРИЕТ“

    Турската полиција го приведе главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, Мурат Сабунџу, и врши претрес на раководството на тој весник, објавија турските медиуми.

    Телевизијата „Си-ен-ен Турк“ јавува дека биле издадени налози за апсење на вкупно 12 новинари и раководители, вклучувајќи го и претседателот на управниот одбор на весникот, Акин Аталај.

    Новинарите се под полициска истрага поради наводна поврзаност со муслиманскиот водач Фетулах Ѓулен, кој официјална Анкара го сомничи дека организирал неуспешен обид за пуч на 15 јули, како и тоа дека е поврзан со курдските милитанти.

    Претходниот главен уредник на „Џумхуриет“, Џан Дундар, е осуден на шест години затвор поради објавување на државни тајни, вклучувајќи и информации за акции на официјална Анкара во Сирија.

    Оваа пресуда предизвика критики и обвинувања за цензура, која кон турските власти ја упатија организациите за човекови права и западните влади, кои се загрижени поради влошување на состојбата со човековите права во Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира