ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ И ОСУММИНА ДЕМОСТРАНТИ ПРИВЕДЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ЦЕТИЊЕ ПРОТИВ УСТОЛИЧУВАЊЕТО НА СРПСКИОТ МИТРОПОЛИТ ЈОАНИКИЈ

    ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ И ОСУММИНА ДЕМОСТРАНТИ ПРИВЕДЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ЦЕТИЊЕ ПРОТИВ УСТОЛИЧУВАЊЕТО НА СРПСКИОТ МИТРОПОЛИТ ЈОАНИКИЈМитрополитот Јоаникиј и српскиот патријарх Порфириј во манастарот во Цетиње. (Фото: Вијести)

    Осум лица се приведени, едно лице е уапсено поради напад на службено лице, а двајца полицајци се повредени на протестите во Цетиње против устоличувањето на митрополитот Јоаникиј на Српската православна црква во Црна Гора. Полицијата потврди дека во Цетиње има и повеќе повредени демонстранти. Беше употребен и солзавец.

    Српската православна црква е најголемата верска институција во Црна Гора, но беше во конфликт со претседателот Мило Ѓукановиќ. Тој тврди дека Црквата се обидува да ја поткопа независноста на земјата и да ја врати Црна Гора под контрола на Србија. Претседателот ги повика демонстрантите да ја нарушат церемонијата на устоличување на Јоаникије Втори на највисоката свештеничка позиција, позната како митрополит на Црна Гора и архиепископ на Цетиње.

    Во манастирот во Цетиње утринава беше устоличен митрополитот црногорско-приморски Јоанакиј, а група демонстранти протестираа и бараа свеченоста да се одржи надвор од манастирот.

    „Во Цетиње се видоа доста поделби кои се вештачки предизвикани. Ние правевме сѐ да ги спречиме, но ќе ни треба доста време да ги надминеме овие поделби“, рече митрополитот Јоанакиј.

    Во обраќањето кон српскиот патријарх Порфириј, тој рече дека со неговото доаѓање и споделувањето на загриженоста, покажал голема љубов кон целиот црногорски народ.

    „Не сум тука да ми служат, туку да служам“, рече Јоанакиј.

    Уште вчера, премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ ги повика сите политички актери да придонесат за мирот во земјата, откако социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ ја повикаа Српската православна црква да го премести устоличувањето од Цетиње. Од митрополијата кажаа дека тоа нема да се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира