Општина Чаир денеска потпиша меморандум со косовската фирма „Мабетекс“ за изградба на катни гаражи и подземни паркинзи во Општината. Според меморандумот, кој го потпишаа градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и сопственикот на фирмата „Мабетекс“ Беџет Пацоли, ќе се градат катни гаражи и подземни паркинзи на 12 локации, за да се реши проблемот со паркирањето во Општината.
„Ќе се добијат 3.000 нови паркинг места низ Општината. Една од локациите каде се обезбедат нови места е и паркинг под Плоштадот Скендербег. Инвеститорот е глобалата фирма ‘Мабетекс’, која секој договор досега го има завршно со најголема сериозност во предвидено време, без никакво задоцнување и во големо ниво на квалитет“, рече градоначалникот Ганиу.
Вкупната инвестиција е 50 милиони евра. Инвеститорот откако ќе ги изгради паркиралиштата ќе стопанисува со нив.
А. АНТЕВСКА