Петнаесетотто издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупи почнува вечерва во 20 часот во Куршумли ан, а гостуваат театарски групи од Косово, Турција, Албанија и од Бугарија.
Отворањето е со претставата „+18“ од Градскиот театар „Хади Шеху Ѓаковица“ од Косово во режија на Ќендрим Ријани.
„Програмата нуди современи театарски текстови, преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици“, најавува селекторот Музбајдин Ќамили.
На 9 септември доаѓа Театарот Јолџу од Истанбул, со преставата „Венера во крзно” во режија на Ерсин Умут Гулер, а на 10 септември Театарот Вазраждане од Софија со преставата „Соба за гости“ во режија на Зафир Раѓаб.
В сабота на 11 септември доаѓа Народен театар Тузла, со преставата „Крекање“ на Алеш Курт, а затворањето е на 12 септември со „ Пикасо и Ајнштајн во еден бар во Париз “ од театар Метропол Тирана во режија на Армела Демај.
Скупи фестивалот има и натпреварувачки карактер, а жирито е составено од Тауланда Јупи, режисерка од Тирана, Аделина Марку и Елмазе Нура, режисерка од Приштина.
Фестивалот ќе се одржува во Куршумли ан, според протоколите за заштита од Комисијата за заразни болести.