МАЛОЛЕТНИЧКАTA KOJA ПРИЈАВИ ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ ДЕКА ЈА ТЕПАЛЕ И СИЛУВАЛЕ ЈА ПОВЛЕКЛА ИЗЈАВАТА, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ Ѝ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА

    МАЛОЛЕТНИЧКАTA KOJA ПРИЈАВИ ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ ДЕКА ЈА ТЕПАЛЕ И СИЛУВАЛЕ ЈА ПОВЛЕКЛА ИЗЈАВАТА, ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ Ѝ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВАСВР Велес ќе поднесе пријава против малолетничката (Фото: СДК.МК)

    Малолетната штитеничка која напушти дом во Скопје и пријави дека во Велес била тепана и силувана од двајца 20-годишници, ја повлекла изјавата со која ги обвини двете момчиња. Наводниот инцидент се случил вечерта на 18 септември во месноста Дворови.

    „Во врска со случајот на пријава за обљуба врз малолетничка од Скопје од страна на неколку лица на 18 септември, ја известуваме јавноста дека таа во полициска станица изјави дека лажно ги пријавила лицата и дека немало обљуба. По документирање на случајот, против малолетничката ќе биде изготвен соодветен поднесок за лажно пријавување“, кажа портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

    СВР Велес претходно информираше дека веднаш по пријавата од малолетничката, двете посочени лица биле повикани на разговор и потоа пуштени дома.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира