ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ПО ГРЕШКА СТАНА ПРОФЕСОР ПО ИСТОРИЈА, ИЗБОРОТ ПОНИШТЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ПО ГРЕШКА СТАНА ПРОФЕСОР ПО ИСТОРИЈА, ИЗБОРОТ ПОНИШТЕН

    Поништен е изборот за виш научен соработник на Институтот за национална историја(ИНИ) на Филип Петровски, директор на Државниот архив, поради процедурална грешка на одговорните органи на Институтот.

    Во Билтенот на УКИМ под број 113-01.11 од 2016, стои дека рецензентската комисија го повлекла доставениот и објавен реферат за избор во звање виш научен соработник на Филип Петровски, поради процедурална грешка на одговорните(управните) органи на ИНИ во врска со член 39 од Правилникот за критериуми и постапка за избор на наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и асистенти-докторанти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

    “Со оглед на тоа што пропустот е констатиран во законски утврдениот рок од рецензентската комисија, која не е задолжена за процедурални постапки, а со цел да бидат почитувани законските одредби за предвремен избор во звање и останувајќи на својот позитивен став изнесен во рефератот за кандидатот, рецензентската комисија во утврдениот рок од 15 дена го повлекува доставениот и објавен реферат за избор во насловно звање виш научен соработник на д-р доцент Филип Петровски“, стои во образложението на рецензентската комисија.

    САКАМДАКАЖАМ.МК  на трети ноември објави дека директорот на Државниот архив Филип Петровски е предвреме избран за виш научен соработник на Институтот за национална историја, иако во Законот за високо образование пишува дека за виш научен соработник може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, но Петровски е доктор на политички науки и нема магистрирано и дипломирано на историски науки.

    Рецензентската комисија на Институтот, и покрај тоа што Петровски не доаѓа од областа во која се избира, констатирала дека тој може да биде избран за виш научен соработник.

    Филип Петровски во 2010 станал доктор по политички науки, а во 2012 е избран за доцент од областа на политичките науки по наставните предмети Југоисточна Европа во трансатланските односи и Современа политичка историја на Македонија, на Факултетот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје. Во неговата политичка кариера е запишано дека бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 до 2000. Во 2011 ја формираше партијата Демократска десница. Во 2012 беше соопштено дека целата партија заедно со него се враќа во ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира