АВИОКОМПАНИЈАТА „ЈУНАЈТЕД“ ЌЕ ОТПУШТИ РЕЧИСИ 600 ВРАБОТЕНИ КОИ ОДБИЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

    АВИОКОМПАНИЈАТА „ЈУНАЈТЕД“ ЌЕ ОТПУШТИ РЕЧИСИ 600 ВРАБОТЕНИ КОИ ОДБИЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19Вработените до понеделникот имале рок да приложат доказ за вакцинирање (Фото: Гети)

    Речиси 600 вработени во американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ се соочуваат со отказ зашто не ја испочитувале интерната политика за вакцинирање против ковид-19. Голем дел од 67.000 вработени приложиле доказ за вакцинирање до понеделникот, кога бил краен рок за тоа.

    „Ова беше исклучително тешка одлука, но нашиот прв приоритет секогаш била безбедноста на нашиот тим“, напишаа шефовите на компанијата во писмото до вработените.

    „Јунајтед“ минатиот месец им наложи на своите вработени да се вакцинираат против ковид-19 и тие до понеделникот требаше да ја примат барем првата доза. 593 вработени одбиле да го направат тоа, повикувајќи се на верски или медицински причини.

    „Сите се побезбедни кога сите се вакцинирани“, кажа извршниот шеф на компанијата, Скот Кирби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира