АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈА

    АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР КУРЦ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈАКурц планира да остане не чело на Народната партија на Австрија (Фото: АФП)

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека се повлекува од функцијата, неколку дена откако против него беше покрената истрага за корупција. Во изјава до медиумите, Курц кажа дека го предлага актуелниот министер за надворешни работи Александер Шаленберг за свој наследник.

    Курц планира да остане не чело на Народната партија на Австрија и да стане нејзин лидер во парламентот.

    Во средата, обвинителите кажаа дека Курц се наоѓа под истрага поради тврдењата дека владини пари биле користени во коруптивна зделка за да се обезбеди позитивно известување во еден таблоиден весник, при што бил извршен претрес и во неговото седиште. Курц ги нарече обвинувањата неосновани.

    Обвинувањата датираат од периодот меѓу 2016 и 2018 година, кога, како што кажаа обвинителите, средства на министерството за финансии биле користени за финансирање на делумно манипулирани анкети за јавно мислење, што служело исклучиво за интересите на една политичка партија. Ова се совпаѓа со периодот кога Курц го презема водството на Народната партија и потоа формира коалициска влада.

    Тој стана најмладиот демократски избран лидер на светот кога ја предводеше Народната партија до победа на изборите во 2017, кога имаше само 31 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира