СИЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ГО БРАНИ ТАЛЕСКИ ОД ГЕРИЛЦИ НА НАГРАДИТЕ „4 НОЕМВРИ“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ГО БРАНИ ТАЛЕСКИ ОД ГЕРИЛЦИ НА НАГРАДИТЕ „4 НОЕМВРИ“

    Битолчани вечерва се изненадени од поголемиот број на обезбедувачи на прославата по повод 4 ноември, Денот на ослободувањето на градот. Обезбедување имаше на влезот од Центарот на култура и внатре во салата.

    Обезбедувањето е од приватна компанија. За минатите изданија немаше обезбедување и очигледно власта со обезбедувањето се штити од герила акции. На доделувањето на 4-то ноемвриските награди во салата присутен е и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

    Обезбедување од приватна компанија имаше на влезот од Центарот на култура и внатре во салата.

    Обезбедување од приватна компанија имаше на влезот од Центарот на култура и внатре во салата.

    Денеска претпладне, транспарент со натпис „Парите ќе ги вратиш” им бил одземен на активистите на Левица за време на полагањето цвеќе пред Споменикот на НОБ во Битола по повод Денот на ослободувањето.

    Левичарите планираа транспарентот да го оптегнат додека битолскиот градоначалник полагаше цвеќе. Но, велат дека биле попречени од непознати лица кои им го зеле транспарентот. Тие се прашуваат чие обезбедување било тоа, зашто не било општинско.

    Во Битола е од вчера е и претседателот Ѓорге Иванов, како и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

    Пред два месеца, со герила акција во Битола беше пречекан Иванов, кој е покровител на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ на отварање на 37. издание на фестивалот.  На црвениот килим пред Домот на културата во Битола, каде дефилираа гостите и публиката на фестивалот, кога се појави Иванов во друштво со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, герилците од Битолското движење застанаа со три транспаренти испишани на платно.

    На патот до хотелот каде е сместен Иванов во герила акција беа поставени знаци со пораки против битолскиот градоначалник и претседателот.

    На патот до хотелот каде е сместен Иванов во герила акција беа поставени знаци со пораки против битолскиот градоначалник и претседателот.

    Кусо по аболицијата на Иванов во април, герилци се појавија пред Талески и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на прес-конференцијата на патот Битола-Ресен и врз нив фрлија со лажни евра. На нив беше испечатен ликот на градоначалникот Талески и беше испишана сума од 360.000 евра.

    Додека траеше прес-конференцијата, позади функционерите герилците истанаа транспарент на кој пишуваше „Честито аболиција“. По ова, парите станаа хит во Битола. Некои битолчани се обидуваа на шега со нив да платат во кафулиња, бутици, на наплатни рампи, патарини. Беа лепени на кружните текови, главните остварувања на Талески во трите градоначалнички мандати.

    Во јуни, битолските герилци влегоа во салата во битолската бибиотека каде градоначалникот Владимир Талески присуствуваше на промоција на книга на Љубиша Георгиевски и извикуваа „Оставка градоначалниче, предајте се!“. Тие кон него фрлија и две маици на кои пишуваше „Подршка за СЈО“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира