АКО НЕ ЗАБРЗА ОБНОВАТА КУРБИНОВО ЌЕ ГО СНЕМА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Курбиново,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКО НЕ ЗАБРЗА ОБНОВАТА КУРБИНОВО ЌЕ ГО СНЕМА

    Големата дрвена конструкција која се издига над и околу манастирот „Св. Ѓорги“ во Курбиново, прославен како македонската Мона Лиза, дава впечаток дека таму реставрација е во полн ек. Но, кога ќе ја погледнете црквата од близу, зјаат старите пукнатини на ѕидовите. Малтерот се рони како и порано, фреските се побелени, па дури и светски познатата на Ангелот на благовештанието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските  банкноти од 50 денари.

    Два метра над постоечкиот покрив подигнат е друг, од лим и плексиглас, за да го заштити целосно храмот за време на зафатот. Но, кога ќе погледнете над стариот покрив керамидите се пред распаѓање.

    Вака изгледа македонскиот црковен бисер од 12 век, „Св. Ѓорги“ во преспанското село Курбиново, светски познат по врвниот дострел на ѕидното фрескосликарство од средниот век, кое ги краси ѕидовите во храмот. Екипата на САКАМ ДА КАЖАМ. МК деновиве се искачи до црквата за да ја пренесе реалната слика за состојбите, по разногласитето кое се појави деновиве меѓу опозицијата и раководството на битолскиот Завод и музеј. Едните тврдеа дека црквата се распаѓа, а другите дека се среде многу сложен зафат за нејзина реставрација и конзервација.

    Два метра над постоечкиот покрив подигнат е друг, од лим и плексиглас, за да го заштити целосно храмот за време на зафатот за реконструкција и реставрација (Фото: СДК.МК)

    Два метра над постоечкиот покрив подигнат е друг, од лим и плексиглас, за да го заштити целосно храмот за време на зафатот за реконструкција и реставрација (Фото: СДК.МК)

    До црквата стигнавме по стариот пат, на места раскопан, широк одвај два и пол метра, непристапен за автобуси. Клучот од црквата сѐ уште се зема од семејство во селото. На патот пресретнавме жители од Курбиново кои реагираат дека рестврацијата на црквата се одвива бавно.

    „Вакво богатство Господ ни дал, ни него не знаеме да го заштитиме. Храмот треба да се дотера, на што личи ова? Треба да се исчисти околината, да се направи нов покрив. Ѕидовите да се закрпат. Оставени се со пукнатини, на некои места ставиле гипс , но тоа е малку за да се закрпат пукнатините. Фреските да се обноват, ги ископаа и така ги оставија. Лани есента беше дрвената конструкција поставена и така остана. Пред еден месец донесоа некои алуминиумски скелиња, и другиот ден ги однесоа“, вели Пецо Настевски, жител од селото.

    Пукнатини има и на ѕидовите на црквата (Фото: СДК.МК)

    Пукнатини има и на ѕидовите на црквата (Фото: СДК.МК)

    Во истражувањата фрескоживописот е прегледан, има оштетувања, има многу голема концентрација на соли и ако не се направи нешто, за 10 до 15 години како прашина ќе се распаднат (Фото: СДК.МК)

    Во истражувањата фрескоживописот е прегледан, има оштетувања, има многу голема концентрација на соли и ако не се направи нешто, за 10 до 15 години како прашина ќе се распаднат (Фото: СДК.МК)

    „До месец мај се работеше на терен на истражувачки работи, а сега податоците се преточуваат во проектна документација која подоцнежно ќе доведе до крајно завршување на проектот. Треба да се оди на тендерска постапка за да започнат градежните работи. Проектната документација мора да помине стручна контрола на Управата за заштита на културно наследство. Се работи за еден исклучителен споменик на културата кој мора да ги поминие сите законски инстанци“, вели Алтипармаков.

    Експертите кои работат на истражувања на црквата признаваат дека влагата го загрозува опстанокот на фреските, меѓу кои и на Ангелот од Курбиново. Но, тврдат дека проектната документација за заштита на фрескоживописот е изработена.

    „Секој сантиметар од фрескоживописот е прегледан, има оштетувања, има многу голема концентрација на соли застапени во најубавите делови од ѕидното сликарство, практично во апсидата каде што се ангелите со кои сите ние се гордееме. Тие се сите загрозени и ако не се направи нешто, за 10 до 15 години како прашина ќе се распаднат“, вели Ристо Палигора, историчар на уметност при битолскиот Завод и музеј.

    Првичните рокови за заштита на објектот се пробиени, но експертите велат дека за ваков значаен храм не можат да се постават точни рокови (Фото: СДК.МК)

    Првичните рокови за заштита на објектот се пробиени, но експертите велат дека за ваков значаен храм не можат да се постават точни рокови (Фото: СДК.МК)

    Првичните рокови за заштита на објектот се пробиени, но експертите велат дека за ваков значаен храм не можат да се постават точни рокови. По конструктивното зајакнување на црквата и конзервација на живописот, ќе следува реконструкција и на помошните објекти кои исчезнале од лицето на земјата низ годините. Она за што сите се согласни е дека темелната реставрација на Курбиново овојпат мора да продолжи, а не да запре и да биде уште едно Потемкиново село.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира