И ДА НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ИМА ОПЦИЈА ЗА НОВО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ АПАСИЕВ

    И ДА НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ИМА ОПЦИЈА ЗА НОВО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ АПАСИЕВАпасиев рече дека во Град Скопје ќе имаат 5 советници, а на ниво на држава 50 до 60 советници. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на Левица Димитар Апасиев кажа дека кај граѓаните има проопозициско расположение и дека тоа води кон предвремени парламентарни избори, но и да нема избори, можно е ново мнозинство во Собранието и пад на владата на Заев.

    На прес-конференција по денешните локални избори, Апасиев рече дека во Град Скопје ќе имаат 5 советници, а на ниво на држава 50 до 60 советници, иако, како што кажа, учествувале со листи во 38 општини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира