БИВШИ СТЈУАРДЕСИ НА „АЛИТАЛИЈА“ СЕ СОБЛЕКОА ВО РИМ ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТ

    БИВШИ СТЈУАРДЕСИ НА „АЛИТАЛИЈА“ СЕ СОБЛЕКОА ВО РИМ ВО ЗНАК НА ПРОТЕСТПедесетина стјуардеси изведоа перформанс на плоштад на Капитол

    Десетици поранешни стјуардеси на сега згаснатиот италијански авиопревозник „Алиталија“ ги соблекоа униформите и носејќи само долна облека, одржаа тивок протест во центарот на Рим.

    „Алиталија“, која долго време се мачеше со финансиски проблеми, го имаше последниот лет на 14 октомври, по што беше заменета со новата државна авиокомпанија „Италија транспорто аерео“ (ИТА). Таа презеде само 2.800 од досегашните речиси 11.000 вработени на „Алиталија“. Исто така, од синдикатот кажаа дека оние што ќе работат за ИТА се примени со значително намалени плати.

    По тој повод, педесетина поранешни стјуардеси се собраа на плоштад на Капитол, при што во извежбана кореографија прво ги одложија своите торби, по што почнаа да се соблекуваат. По неколку минути стоење во тишина, тие си ги собраа работите и во еден глас извикаа „Ние сме Алиталија“.

    „Со протестот сакавме да искажеме солидарност со колегите кои беа принудени да потпишат понижувачки договори со новата компанија“, изјави претставничка на групата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира