ЛУКСЕМБУРГ СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА КОЈА ГО ЛЕГАЛИЗИРА ОДГЛЕДУВАЊЕТО КАНАБИС ДОМА

    ЛУКСЕМБУРГ СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА КОЈА ГО ЛЕГАЛИЗИРА ОДГЛЕДУВАЊЕТО КАНАБИС ДОМАКопретседателите на Зелената партија Дјуна Бернард и Мерис Шеховиќ, кои се залагаа за легализација на канабисот. (Фото: Твитер)

    Владата на Луксембург ќе биде прва земја во Европа која го легализира одгледувањето канабис, објавија локалните медиуми. Со новите законски решенија презентирани од луксембуршката влада, граѓаните над 18 години ќе смеат да одгледуваат до 4 растенија за лична употреба и да носат во јавност до три грама.

    Казните за поседување канабис, кои досега беа до 2.500 евра, ќе бидат драстично намалени за оние кои ќе ја консумираат супстанцата во јавност на места каде што е забрането. Нивото на ТХЦ, психоактивната компонента на канабисот, ќе престане да биде регулирано.

    Новиот закон ќе помогне во решавање на проблемот со криминалот поврзан со дрога во Луксембург, велат од владата. Продажбата и дистрибуцијата ќе биде декриминализирана, отворајќи пат за пазар на продукти од канабис, контролиран од државата.

    Луксембург им се приклучува на Канада, Уругвај и 11 од 50-те држави во САД во легализирањето на одгледувањето и дистрибуцијата на канабис. Ниту една друга земја во Европа го нема направено тоа, ниту Холандија, каде што забраната за продажба и консумација на канабис не се спроведува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира