ВТОР КРУГ ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ ИМА ВО 44 ОПШТИНИ

    ВТОР КРУГ ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ ИМА ВО 44 ОПШТИНИОд гласањето во првиот круг во Скопје на 17 октомври. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Гласање во втор круг од локалните избори за градоначалници на 31 октомври ќе се одржи во 44 општини и Град Скопје, а во две општини, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, ќе се гласа одново во прв круг, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од избирачите, според конечните резултати на Државната изборна комисија.

    Во втор круг ќе се гласа во Град Скопје и во општините: Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар:, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

    Во првиот круг на 17 октомври, ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалнички места, СДСМ 9 и ДУИ 2. Правото на глас го оствариле 938.631 граѓани, односно излезноста изнесува 51,44%.

    Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.
    Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира