„ФЕЈСБУК“ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО ВО „МЕТА“

    „ФЕЈСБУК“ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО ВО „МЕТА“Марк Закерберг планира да се фокусира на виртуелната реалност во иднина (Фото: АП)

    „Фејсбук“ го промени своето корпоративно име во „Мета“. Од компанијата кажаа дека новото име подобро ќе го опфати сето она што таа го претставува, додека има амбиции да се прошири во области како виртуелна реалност.

    Промената не се однесува на поединечните платформи, како Фејсбук, Инстаграм и Вотсап, туку само на компанијата која ги поседува.

    Овој потег следува по серија негативни приказни за „Фејсбук“ засновани врз документи што ги објави поранешна вработена во компанијата, за што сведочеше и во американскиот Конгрес.

    Во 2015 вакво ребрендирање направи и „Гугл“, кога го промени името на компанијата во „Алфабет“, кое, сепак, не заживеа во јавноста.

    Идниот фокус на виртуелната реалност е еден од главните поводи за промената на името. „Фејсбук“ веќе го најави развојот на онлајн светот наречен метаверзум, кој треба да биде столб на натамошниот раст на компанијата. „Фејсбук“ планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија за да развие метаверзум, во кој што луѓето можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелно окружување, користејќи уреди за виртуелна реалност. Марк Закерберг верува дека метаверзум ќе допре до милијарда луѓе во следната декада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира