САБИНА БЕШЕ НЕУМОРЕН УМЕТНИК, НО ПРЕД СЀ МАЈКА И ЧОВЕК СО ЉУБОВ, РЕЧЕ НЕЈЗИНИОТ СИН ВАРДАН ЗА ПОСТХУМНАТА НАГРАДА ОД КИНЕНОВА

    САБИНА БЕШЕ НЕУМОРЕН УМЕТНИК, НО ПРЕД СЀ МАЈКА И ЧОВЕК СО ЉУБОВ, РЕЧЕ НЕЈЗИНИОТ СИН ВАРДАН  ЗА ПОСТХУМНАТА НАГРАДА ОД КИНЕНОВАПостхумната награда за Сабина Ајрула-Тозија на нејзиниот син Вардан Тозија, му ја врачи актерот Диме Илиев. (Фото: Киненова)

    Доајените на македонскиот театар и филм Сабина Ајрула-Тозија и Мето Јовановски се годинашни добитници на наградите за особен придонес во филмската уметност на 6. Меѓународен фестивал на дебитантски филмови Киненова.

    Легендарната актерка Ајрулa-Тозија почина на 10 август на 75 години, а наградата на отворањето на фестивалот во скопското киното Милениум, ја прими нејзиниот син, филмскиот режисер Вардан Тозија.

    „Спомените од тоа што се случуваше изминатава година сѐ уште ми се свежи, не најдов начин за да го сумирам тоа што го чувствувам тоа што ми е останато од мојата мајка Сабина. Голема благодарност за Киненова за оваа награда, голема чест ми е и се надевам дека таму некаде меѓу ѕвездите тоа го знае и мајка ми. Покрај тоа што беше неуморен, посветен филмски, театарски работник, таа беше пред сѐ мајка и едноставен човек полн со љубов, разбирање и поддршка низ целиот мој живот“, рече Тозија.

    Киненова постхумно додели уште една награда за особен придонес во филмската уметност на глумецот Љупчо Тодоровски-Упа, која ја прими неговата сопруга, кој пред шест години беше дел од почетоците на Фестивалот. Актерот почина од ковид-19 на 22 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира