РЕТКО МАЈАНСКО КАНУ СТАРО НАД 1.000 ГОДИНИ ПРОНАЈДЕНО ВО МЕКСИКО

    РЕТКО МАЈАНСКО КАНУ СТАРО НАД 1.000 ГОДИНИ ПРОНАЈДЕНО ВО МЕКСИКОРечиси целосно зачуваното кану е откриено потопено во слатководен базен (Фото: АФП)

    Мајанско кану, за кое се верува дека е старо повеќе од илјада години, е пронајдено во јужно Мексико. Долго 1,6 метри, речиси целосно зачуваното дрвено пловило е откриено потопено во слатководен базен близу руините на мајанскиот град Чичен Ица.

    Мексиканскиот институт за антиквитети смета дека кануто било користено за извлекување вода или за оставање ритуални подароци. Експерти од универзитетот Сорбона во Париз помогнаа да се утврдат точните старост и тип на кануто.

    Мајанската цивилизација цутела во регионот пред да биде освоен од Шпанците. Во своето време, таа се простирала на денешната територија на јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас. Проценето е дека пронајденото кану датира од периодот меѓу 830 и 950 година, кон крајот на златното доба на мајанската цивилизација. Во тој период се случиле големи политички потреси, проследено со напуштањето на градовите, од кои останаа руини на огромни пирамиди и други камени објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира