СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ СО НАЈМАЛКУ 15%

    СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ СО НАЈМАЛКУ 15%Договорот беше постигнат на самитот на Г20 во Рим (Фото: Гети)

    Лидерите на 20-те најголеми светски економии постигнаа историски договор за оданочување на профитот на големите компании со најмалку 15%. Ова следува поради загриженоста дека мултинационалните компании го пренасочуваат својот профит преку земјите со ниски даноци.

    Договорот беше постигнат на самитот на Г20 во Рим и со него се согласија сите светски лидери, иако Владимир Путин и Шји Џинпинг не допатуваа во Италија, туку учествуваа преку видеоврска.

    Договорот за минимален глобален корпоративен данок беше предложен од САД и се очекува и официјално да биде усвоен утре, а на сила треба да стапи во 2023 година.

    „Ова е критичен момент за глобалната економија. Американските бизниси и работници ќе имаат големи придобивки од договорот, иако бројните мегакомпании со седиште во САД ќе мора плаќаат повеќе данок“, изјави американската секретарка за трговија Џенет Јулен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира