ПРЕДВРЕМЕ ПЕНЗИОНИРАНИОТ ЕКСНАЧАЛНИК ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЛАЗЕ ВЕЛКОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ ИСТРАЖИТЕЛИ НА ВИЛМА РУСКОВСКА

    ПРЕДВРЕМЕ ПЕНЗИОНИРАНИОТ ЕКСНАЧАЛНИК ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЛАЗЕ ВЕЛКОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ ИСТРАЖИТЕЛИ НА ВИЛМА РУСКОВСКАНа Велковски не му беше дадена можноста од Законот за внатрешни работи да го продолжи стажот во МВР (Фото:СДК.МК)

    Поранешниот началник на Секторот за борба против организиран криминал и корупција во МВР Лазе Велковски, кој во мај експресно беше пензиониран откако наврши 40 години работен стаж, без законската можност да го продолжи работниот стаж како другите полицајци уште 5 години, од утрово влезе во тимот истражители на Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

    Русковска за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Велковски е ангажиран првично на три месеци, со договор на дело.

    „Велковски е земен со договор на дело да помогне во формирањето на истражниот центар во одделот за гонење лица со полициски овластувања. Утринава го потпишавме договорот“, вели шефицата на организиран криминал.

    Велковски како началник во МВР за организиран криминал, пред ненадејното пензионирање во мај од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, беше ангажиран во ОЈО за организиран криминал со наредба на шефицата Вилма Русковска.

    Законот за кривична постапка забранува истражител да се тргне откај обвинител само ако обвинителот ја повлече наредбата. Постои член 50, кој на обвинителот му гарантира дека доделениот истражител ќе му биде на располагање.

    Овој член во ставот 3 вели: „За времето додека службениците се доделени да работат кај јавниот обвинител, не можат да бидат распоредени на друго работно место во државните органи од каде што доаѓаат или да бидат отстранети од работа од предметниот случај без изречно одобрение од јавниот обвинител.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира