Независните советници во Општина Карпош од „Независни за Карпош“ побараа од новиот градоначалник Стевчо Јакимовски да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст од видеото од прославата кое се споделува по социјалните мрежи.
„Во име на нашите поддржувачи и сите жители на општина Карпош кои беа понижени со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, бараме јавно извинување од идниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски. Очекуваме да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст кои ги згрозија огромен број на карпошани и луѓе во државата“, велат од „Независни за Карпош“, кои имаа двајца претставници во Советот на Општина Карпош.
Во видеото од прославата во кафеана, по победата на локалните избори во Карпош, Јакимовски пее: „Како ве ебе Стевче Јакимовски, за вас е само курот громовски“.
Од „Независни за Карпош“ додаваат дека како членови на Советот нудат и очекуваат односот да се базира на конструктивност, пристојност, цивилизираност, како и достоинствена комуникација кон сите чинители истото го очекуваат не само и од градоначалникот.