ХПВ ВАКЦИНАТА ЈА НАМАЛУВА ПОЈАВАТА НА РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА ЗА 87%, ВЕЛИ НОВО ГОЛЕМО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ХПВ ВАКЦИНАТА ЈА НАМАЛУВА ПОЈАВАТА НА РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА ЗА 87%, ВЕЛИ НОВО ГОЛЕМО ИСТРАЖУВАЊЕПостојат надежи дека вакцинирањето може целосно да ја искорени оваа болест (Фото: Гети)

    ХПВ вакцината ги намалува случаите на рак на грлото на матката за речиси 90%, покажа големо британско истражување. Британскиот центар за истражување на ракот го опиша ова откритие како историско, бидејќи покажува дека вакцината спасува животи.

    Речиси сите видови на рак на грлото на матката се предизвикани од вируси и постојат надежи дека вакцинирањето може целосно да ја искорени оваа болест.

    Истражувањето покажа што се случило откако вакцината била воведена за девојчиња во Англија во 2008 година. Оваа вакцина им се нуди на возраст од 11 до 13 години. Истражувањето утврдило намалување и на претканцерогени промени и на појава на рак на грлото на матката за 87%.

    „Ефектот на вакцината е огромен“, изјави Питер Сасиени, еден од истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

    Севкупно, студијата покажала дека ХПВ програмата спречила околу 450 случаи на рак и 17.200 претканцерогени промени.

    99% од случаите на рак на грлото на матката се предизвикани од човечки папиломен вирус, па токму затоа повеќе од 100 држави почнаа да ја користат вакцината како дел од плановите на СЗО да се искорени оваа болест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира